| четврток, 6 декември 2018 |

Министерот Попоски во ООН во Женева

попоски николаМинистерот за надворешни работи Никола Попоски денеска и утре ќе учествува на Сегментот на високо ниво на 22-та сесија на Советот за човекови права на Обединетите нации што се одржува во Женева.

– За време на состанокот Попоски ќе има обраќање во кое ќе се осврне на главните прашања на агендата на Советот за човекови права и на приоритетите на Република Македонија во сферата на заштитата на човековите права и нивна промоција на национално и на меѓународно ниво, информира Министерството за надворешни работи.

Учеството на настанот министерот Попоски ќе го искористи и за обезбедување поддршка на кандидатурата на Република Македонија за членство во Советот за човекови права во периодот 2014-2016 година.

На маргините на сесијата Попоски ќе оствари средби  со повеќе шефови на дипломатии, како и со високиот комесар за човекови права Нави Пилај и со генералниот директор на Обединетите нации во Женева, Касим – Џомарт Токајев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top