Министерот за надворешни работи Никола Попоски денеска и утре ќе учествува на Сегментот на високо ниво на 22-та сесија на Советот за човекови права на Обединетите нации што се одржува во Женева.
– За време на состанокот Попоски ќе има обраќање во кое ќе се осврне на главните прашања на агендата на Советот за човекови права и на приоритетите на Република Македонија во сферата на заштитата на човековите права и нивна промоција на национално и на меѓународно ниво, информира Министерството за надворешни работи.
Учеството на настанот министерот Попоски ќе го искористи и за обезбедување поддршка на кандидатурата на Република Македонија за членство во Советот за човекови права во периодот 2014-2016 година.
На маргините на сесијата Попоски ќе оствари средби со повеќе шефови на дипломатии, како и со високиот комесар за човекови права Нави Пилај и со генералниот директор на Обединетите нации во Женева, Касим – Џомарт Токајев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Попоски и Димитров на „Топ тема“ ќе дебатираат за надворешната политика
-
Попоски: За разлика од Македонија, Бугарија си ги заштити своите интереси
-
Попоски: Веруваме дека договорот со Бугарија може да биде подобар без да се наштети никому
-
Никола Попоски: Потребата за договор е наметната од страна на Бугарија (видео)


