| четврток, 6 декември 2018 |

Во „Монструм“ се вмешани пратеник, доктор и судија

monstrum-630x295

Денеска пред судот се собрани и роднините на обвинетите во случајот „Монструм“, а ним поддршка им даваат педесетина демонстранти кои со транспаренти бараат да се ослободат обвинетите.

„Ми остана нејасно кои се лицата што се спомнуваат во обвинението, а кои останаа со неутврден индентитет. Имаме информации дека во случајот се вмешани пратеник, доктор и судија и бараме нејаснотиите да ни се дешифрираат“, изјави денеска Горан Наќески, татко на една од петте жртви пред две години кај Смилковско езеро.

Родителите на момчињата денеска дојдоа во судот да ја слушнат пресудата за случајот наречен „Монструм“, но останаа изненадени од информацијата дека пресудата ќе се одложи бидејќи судијата се разболел. Рочиштето е одложено е за 30 јуни, судијата сега имал грип пропратен со висока температура.

– Ние можеме да се согласиме дека мотовиот за убистовото е оној што го кажува јавната обвинителка (н.з. радикален ислам), но ќе ве упатам на терем да ги сликате новопоставените табли и да погледнте како имотот се претвори во приватен и како некој остварува приходи – доаде Наќески.

Денеска пред судот се собрани и роднините на обвинетите, а ним поддршка им даваат педесетина демонстранти кои со транспаренти бараат ослободување.
(Извор: Фокус)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top