Маскиран разбојник вооружен со пиштол утринава ограбил експозитура на Македонска пошта на Бит Пазар, информираат од МВР.
Според податоците на полицијата околу 7 часот и 30 минути разбојникот вооружен со пиштол им се заканувал на тројцата вработени, а од поштата одзел околу 80.000 денари.
Увидот се уште е во тек, по што ќе бидат превземени мерки за пронаоѓање на разбојникот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.





