| четврток, 6 декември 2018 |

11 лица уапсени во аферата за прислушкување на Ердоган

redzep-tajip-erdogan-1371162373-325183Турските безбедносни сили уапсија денеска 11 полициски службеници во рамки на судска истрага која се однесува на илегално прислушување на прeмиерот Реџеп Таип Ердоган.

Лицата се уапсени во своите домови во градовите Анкара, Карабук и Јозгат.

Осомничени се дека скривале уреди за прислушкување во канцеларии и во службеното возило на шефот на Владата, јавија турски медиуми. Меѓу осомничените кои се уапсени се и поранешни луѓе од елитната полициска единица задолжена за безбедност на Ердоган.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top