Заедничкото патување е еден од најголемите тестови во врската – некои двојки се зближуваат, други до толку се оддалечуваат што по патувањето останува само да раскинат.
Вториот пример е многу поекстремен и поредок од првиот бидејќи заедничките патување најчесто се одлични за подобрување на вашата врска. Еве зошто.
Се запознавате подобро
Едно е кога сте во врска во која на крајот на денот секој си оди дома, а сосема е друго кога 7 или повеќе дена постојано ќе бидете заедно. Ќе дознаете многу нови работи еден за друг и ќе се чувствувате поблиски.
Со здружени сили против стресот
Работата и обврските секогаш ја нарушуваат хармонијата во врската, а таму, макар на неколку дена, ќе бидете опкружени со мир и далеку од секојдневниот стрес. Најубавите моменти во врската се токму оние во кои нема многу надворешни влијанија.
Секс, секс и само секс
За време на одморот имате шанса да посветите цел ден (или повеќе) само за секс. Тоа ретко го можете во секојдневниот живот. А, верувајте, секому му е потребно.
Без надворешни влијанија
Ако ги исклучите мобилните телефони и ги игнорирате сите обрски кои чекаат на вас кога ќе се вратите, вистински ќе се одморите, а вашата врска ќе процвета.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.