| четврток, 6 декември 2018 |

Укинат притворот на обвинетите во „Машинопромет“, Шиповиќ ќе се брани од слобода

Основниот суд Скопје 1 денеска донесе одлука за укинување на притворот на првообвинетиот Мирослав Шиповиќ во случајот „Машинопромет“, кој ќе се брани од слобода заедно со останатите обвинети во овој случај.

miroslav-sipovic-639x320

Со тоа е укината и претходната мерка донесена минатиот месец со која притворот беше заменет со домашен притвор.

Шиповиќ, заедно со уште 11 лица, е обвинет за финансиски малверзации во врска со продажба на стари делови од фирмата „Машинопромет“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top