| четврток, 6 декември 2018 |

Нијансирање – нов тренд за коса

До пред извесен период нијансирањето на косата во омбре стил или само на долниот дел од врвовите во нијанса, која е спротивна од вашата боја на коса, беа мошне популарни техники на кои дури и холивудските диви не можеа да останат рамнодушни.

Со диктирањето на новите трендови и пишувањето на нови модни поглавја за актуелната жешка сезона во однос на облеката стилистите решија да промовираат и нова тенденција на бојадисување на косата која сигурно ќе ви се допадне.

Станува збор за нова техника наречена Splashlight или нијансирање на средниот дел од вашата коса во боја која е силна и жива. Дали сте доволно храбри да носите розови тонови доколку сте русокоса или русокоси тонови доколку сте бринета?

Сонцето дополнително ќе го нагласи нијансираниот дел, а вие ќе привлекувате внимание и ќе собирате воздишки каде и да се појавите. Холивуд во моментов е опседнат со новата техника за нијансирање на косата, а и светските тредсетерки изгледа дека го обожаваат новиот тренд. Попи Делевињ и Џесика Бил беа едни од првите кои решија да направат ваква стилска промена со нивната фризура. А вие што мислите?

images

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top