Македонската кошаркарска репрезентација се соочува со уште еден огромен проблем во пресрет на квалификациите за Европското првенство, кое ќе се игра во 2015 година, бидејќи и Предраг Самарџиски реши да се откаже од репрезентацијата.
По Антиќ, Гечевски и Чековски, искусниот центар кој игра во Турција реши да го откаже своето учество во квалификациите. Причината за откажувањето се проблемите со колената кои корпулентниот кошаркар ги имаше за време на последната сезона. Болките во колената на Самарџиски станаа посериозни пред крајот на сезоната во турската лига и поради нив тој ги пропушти последните неколку натпревари за неговиот клуб.
Поради откажувањето на искусниот Пеџа, новодојдениот селектор Александар Џикиќ ќе има навистина тешка задача да создаде конкурентен тим кој ќе се бори за пласман на првенството кое поради кризата во Украина ќе добие нов домаќин. Во квалификацискиот циклус за пласман на ЕП, „црвено-жолтите“ ќе им се спротивстават на Белгија, Белорусија и во Данска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


