Хрватскиот репрезентативец Иван Ракитиќ од следната сезона ќе го носи дресот на големиот шпански тим Барселона, ова беше потврдено денеска на официјалната веб-страница на клубот.
Тој е вториот Хрват што во период од неколку дена потпиша договор со Каталонците откако претходно истото го стори фудбалската надеж на Хрватска, 17-годишниот Ален Халиловиќ.
Според информацијата што ја објави Барселона на својата веб-страница, со Ракитиќ е потпишан петгодишен договор, а како дел од трансферот во Севилја на позајмица ќе се пресели 20-годишниот офанзивен играч за врска Денис Суарез, кој изминатата сезона настапуваше во Барселона Б.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.