Вкупно триесет и две овци и јагниња изгореле во запалена плевна, лоцирана во кругот на во кругот на поранешната фабрика Белема во Берово јави МВР.
Плевната била сопственост на жена именувана со презиме Џаферовска М.
Во пожарот изгореле 18 овци, 14 јагниња, сточна храна и земјоделски алати. Противпожарната служба во Берово веднаш излегла на терен и го изгасила огнот. Се уште нема информации кои се причините за огнената стихија
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



