Станоја Јангелоски во изминативе шест месеци е единствениот ерген од општината Лозово што се ожени со жена постара од 35 години, побара и доби субвенција од 30.000 денари или 500 евра, буриња со вино и ракија, кои нему и на неговата животна сопатничка 45-годишната Блеринда Раволи од Албанија, им ги подари Општината како мерка за значително намалување на бројот на ергени во оваа локална самоуправа. Токму во Лозово моментно има 95 ергени што се постари од 40 години и околу седум немажени девојки повозрасни од 35 години.
Градоначалникот Орце Цветковски вели дека помошта, иако не е голема, засега ја побарале само двајца.
– Едниот се ожени, но бидејќи имаше помалку од 40 години не му следуваше, а вториот граѓанин кој зема невеста од овој крај поднесе молба, но не донесе извод, па чекаме да го поднесе тој документ. Парите што ги даваме како помош за младенците се само капка од средствата што им се потребни – вели Цветковски.
За оние момчиња и девојки кои ќе се согласат да склопат брачна заедница предвидени се 50.000 денари како помош за опремување на домашна бања и 50 литри ракија и 100 литри вино на брачната веселба, повторно од бизнисменот Благоја Механџиски.
Повеќе на Плусинфо
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.