Жена е повредена во сообраќајната несреќа која се случи во близина на гимназијата „Јосип Броз Тито“, на раскрсницата на улиците „Климент Охридски“ и Димитрија Чуповски“ во Центар.
Според информациите на МВР, непосредно пред пешачкиот премин автомобил „југо“ со велешки регистарски таблички удрил во жената, при што истата веднаш е пренесена во Ургентен центар.
Полицискиот увид е во тек.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.