Кошаркарите на Сан Антонио си поиграа со актуелниот шампион Мајами во ново финале меѓу овие две екипи и со вкупен резултат од 4-1 во победи се нови прваци во НБА-лигата. Ноќеска популарните „мамузи“ четвртипат по ред славеа, овојпат со 104-87 и стигнаа до петтата титула во најсилната кошаркарска лига на планетата.
Најкорисен играч на финалната серија е Кавај Ленард, 23-годишното ниско крило на Сан Антонио, кое блескаше особено на последните 3 натпревари. И ноќеска Ленард имаше забележителен настап со 22 поени и 10 скока. Патем тој ја имаше задачата да го чува Леброн Џејмс, што му дава дополниотелна тежина на признанието „Бил Расел“ за најдобар играч во финалната серија.
Мајами ја заврши двегодишната доминација и не успеа да направи хет-трик со трета едноподурго титула во НБА. Сезонава ќе ја паметиме и по настапот на Перо Антиќ за Атланта хоукс, како прв македонски кошаркар во најквалитетната кошаркарска лига на светот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Хаос во НБА: Се степаа ѕвездите на Лејкерси и Хјустон! (Видео)
-
Твитер скандал на Трамп: Не е лесно да направите Леброн Џејмс да изгледа паметно
-
Македонскиот балетски уметник Марко Мицов во главна улога во „Рубини“ во Балетот во Сан Антонио
-
Бокс пресметка на теренот во Торонтo, малку фалеше да дојде и до втора тепачка (видео)