Митрополитот русенски Неофит избран е денеска за нов поглавар на Бугарската православна црква.
На изборниот црковен собир за неговата кандидатира во вториот круг гласале мнозинството членови. На претходниот, прв круг, митрополитот Неофит добил најмногу гласови (72), а втор бил митрополитот Гаврил, со освоени 43 гласа. Третиот кандидат, митрополитот Галактон добил 22 гласа.
Неофит, роден како Симеон Николов Димитров на 15 октомври 1945 година, од 1989 година беше ректор на Духовната академија во Софија, од 1991 година декан на Богословскиот факултет при Софијанскиот универзитет, а од 1994 година митрополит доростолски и червенски, за после поделбата на епархијата на русенска и дорастолска, да стане митрополит русенски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.