Хрватскиот претседател Иво Јосиповиќ донесе одлука со која на поранешниот премиер Иво Санадер, поради прекршувањето на правниот поредок и моралните начела, му ги одзема сите доделени одликувања.
Јосиповиќ одлуката ја донел врз основа на членот 36. од Законот за одликувања и признанија на Република Хрватска, соопшти денеска канцеларијата на хрватскиот претседател.
Одлуката на Јосиповиќ следеше, откако Санадер во петокот и полноправно беше осуден за корупција во случаите Хипо и Ина-МОЛ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


