На пристаништето во Охрид во вторник, свечено ќе биде одбележано воспоставувањето на првата бродска линија меѓу Охрид и Поградец. Од Министерството за транспорт и врски информираат дека од 17 јуни станува збор за чартер линија, која во текот на туристичката сезона ќе служи за превоз по воден пат на заинтересираните туристи од Охрид во Република Македонија до Поградец во Република Албанија и обратно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


