| четврток, 6 декември 2018 |

Погледнете кои намирници го намалуваат потењето

И покрај редовната хигиена и користењето на козметички препарати, нашето тело за време на летните денови станува лепливо и таложи непријатни мириси, нормално, причината за тоа е потењето. Иако во борбата со оваа нелагодна појава најчесто помошта ја бараме во козметичките препарати, можеме да си помогнеме ако промениме и неколку животни навики. Една од нив е исхраната, ви откриваме кои намирници најдобро помагаат во намалувањето на потењето.

1. Храната богата со влакна како што се бобичестите плодови, јаткастите плодови, лиснатиот зелен зеленчук и целите зрна од житариците за време на летото би требало да се вкучени во големи количини во дневните оброци.

2. Црвеното место заменете го со риба, лососот и срделата содржат големи количини на калциум, кои помагаат за да се намали потењето. Портокалот и брокулата имаат ист ефект.

3. Ним е позната индиска билка која ефикасно помага при потењето, бидејќи претставува силен антиоксиданс. Во шоља врела вода додадете два прста прав од ним и размешајте. Ако вкусот ви е горчлив додадете малку мед и лимон. Чајот конзумирајте го најмалку три пати дневно, а најважно е наутро да го испиете на празен желудник.

4. Маслиновото масло користете го како единствен додаток во салати и варива, тоа изобилува со антиоксиданси и полесно се вари од другите билни масла. Затоа избегнувајте маргарин и сончогледово масло кога подготвувате јадење, бидејќи тие на висока температура се претвараат во штетни состојки кои телото ги исфрла во облик на токсини преку порите на кожата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top