Од Мало мовче, местото каде Коста Солев ја среќавал убавата Рахилка започна првата од шесте сцени на перформанскот насловен како „1000 свеќи за Рацин”. Поклонувајки се пред спомениците на Рацин, Македонците му оддадоа почит на човекот кој со своите „Бели мугри” го трасираше патот на современата македонска литература.
-Оваа година е година на ‘Белите мугри’, а секој ден во неа е по еден стих од недоречената љубов испишана со крв во песната што ја запре истрелот, рече Славчо Чадиев, градоначалник на Велес.
Тања Ступар Трифуновиќ, вљубеник во македонската култура и јазик, е годинешен добитник на Почесното Рациново признание.
-Награда е обврзувачка и во иднина ќе настојувам да ја промовирам македонската култура и јазикот насекаде, но и да ги зајакнуван врските помеѓу Македонија и БиХ , рече Тања Ступар Трифуновиќ.
Поетот Паскал Гилевски многупати бил наградуван, но Рациновата награда му е најдрагоцена, оти далеку од родното огниште растел со Рациновата поезија.
-Непреставуваат перфидните негации на нашето минато, на нашето име и идентитет. Тоа го знаат сите, го знаат и во бироата на ЕУ”, рече Паскал Гилевски, добитник на Рациновото признание.
Со засадување на дрво во Рациновата шума и проекција на играно-документарниот филм ‘Елегија за тебе’, вечерва во Велес завршуваат 51-те Рацинови средби.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.