| четврток, 6 декември 2018 |

Премиерот Никола Груевски најави двојно посилно темпо на работа

Премиерот Никола  Груевски на обраќањето на конференцијата на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, подвлече дека ќе продолжат со двојно посилно темпо на работа и дека на предизвиците ќе одговорат со двојно повеќе сила и ангажман, силно и пеколно темпо на реформите и битка за подобро утре на секој дел од теренот.

-Жестока борба за секое ново отворено работно место, за секој пациент да има подобри услови, за секој процент покачување на плата и пензија, за секое штравче во странските фабрики и во домашните капацитети, за секој килограм произведен род во земјоделието, за секоја цигла поставена во зградите за ранливите категории граѓани. Во секој милиметар асфалт од автопатите и патиштата, за секоја уличка во секое село и населено место, секоја цевка поставен водовод, за секој привлечен турист од странство и секој денар кој ќе го остави во македонската економија. За секој нов поевтин лек, за секоја табла во училиштата-нема друг одговор. Тоа е одговорот на нашето работење, истакна премиерот Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top