Премиерот Никола Груевски на обраќањето на конференцијата на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, подвлече дека ќе продолжат со двојно посилно темпо на работа и дека на предизвиците ќе одговорат со двојно повеќе сила и ангажман, силно и пеколно темпо на реформите и битка за подобро утре на секој дел од теренот.
-Жестока борба за секое ново отворено работно место, за секој пациент да има подобри услови, за секој процент покачување на плата и пензија, за секое штравче во странските фабрики и во домашните капацитети, за секој килограм произведен род во земјоделието, за секоја цигла поставена во зградите за ранливите категории граѓани. Во секој милиметар асфалт од автопатите и патиштата, за секоја уличка во секое село и населено место, секоја цевка поставен водовод, за секој привлечен турист од странство и секој денар кој ќе го остави во македонската економија. За секој нов поевтин лек, за секоја табла во училиштата-нема друг одговор. Тоа е одговорот на нашето работење, истакна премиерот Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Ниту јас, ниту другите обвинети во случајот за градбата на патиштата, не сме обвинети за земање на провизии