Прмиерот Никола Груевски на денешното обраќање, истакна дека како што ветиле, од оваа, секоја година ќе има покачување на платите на вработените во јавниот сектор, на пензиите и на социјалната помош.
– Тековната година е година на покачување на платите и пензиите, како и социјалната помош за најранлвите категории на граѓани. Во следниот четиригодишен период, Владата ќе ги зголеми платите на просветните, здравствените, социјалните и културните работници, полицијта и војската и сте вработени во јавниот сектор, по 5% секоја година почнувајќи од октомври оваа година, подвлече тој.
Груевски истакна дека вкупното зголемување на платите во овој мандат ќе биде 21,5%, а исто зголемување од 5% секоја година ќе има и на пензиите, како и за примателите на социјална помош.
Тој додаде дека ќе продолжат со поддршка на земјоделците и подвлече дека како што ветиле, обезбедиле вкупно 600 милиони евра за развој на земјоделството и руралните средини, односно по 150 милиони евра секоја година.
-Ова е исторсики највисок износ за поддршка на македонскиот земјоделец, обезбеден од македонската држава. А веќе на првата Седница на владата по изборите Владата го усвои законот за намалување на ДДВ за адитиви за сточна храна, жив добиток со што директно се стимулира прозиводстото на месо и млечни прозводи а со тоа ќе се намали зависноста за увоз, истакна Груевски и подвлече дека по 19 јуни за ова ќе расправа и Парламентот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски