| четврток, 6 декември 2018 |

Министерот Попоски и Бред Пит разговарале за Македонија (ФОТО)

Министерот за надворешни работи Никола Попоски учествуваше на самитот за „Запирање на сексуалното насилство за време на конфликт“ кој се оджуваше од 10 до 13 јуни во Лондон, каде се сретна и со холивудската ѕвезда Бред Пит.

Двајцата во неврзан муабет разговарале за улогата на жените во носењето на одлуки, но и за неговите почетоци за глумата. Министерот бил изненаден дека актерот знаел за нашата земја. Разговарале за ситуацијата во регионот, а Пит бил запознаен и за состојбата во нашата држава. На разговорот подоцна се приклучила и сопругата на Пит, актерката Анџелина Џоли, пишува „Телеграф“.

Министерот Поповски на самитот беше поканет од британскиот министер за надворешни работи Вилијам Хејг.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top