Хокеарите на Лос Анџелес Кингс го освоија НХЛ шампионатот, откако ноќеска славеа победа во петтиот натпревар од финалната серија против Њујорк Ренџерс.
Кингси до трофејот стигнаа со 4-1 во победи, а последниот триумф го изборија по продолженија.
Кингси двапати водеа, њујорчани изедначуваа, а голот вреден Стенли трофеј го постигна Алек Мартинес.
Признанието МВП кое се доделува за најкорисниот хокеар во плеј-офот му припадна на напаѓачот на ЛА Кингс, Џастин Вилијамс.
Овој играч по вторпат го освојува највредниот трофеј во НХЛ лигата. Пред осум години има победено со Каролина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шведска посреќна во пенал-рултет, голманот Луквист е херојот за нова светска титула во хокеј (видео)
-
НХЛ ѕвездите дефинитивно нема да бидат дел од Зимската олимпијада во Пјонгчанг
-
Хокеарската репрезентација за заедничка Македонија: Нашите дресови се „црвено-жолти“ и такви ќе останат!
-
Џонатан Тоус е најскап хокеар во светот