Во 27 општини во Босна и Херцеговина поплавите и лизгањето на земјиштето предизвикаа опасност поради поместување на мини и мински полиња, така што опасните површини на тоа подрачје во моментот изнесуваат 106 километри квадратни,
додека пред поплавите изнесуваа само 41 квадратен километар, јавуваат босанските медиуми.
Од Центарот за отстранување на мините во БиХ апелираа до граѓаните да избегнуваат движење покрај реките, чии корита или брегови се граничат со регистрираните сомнителите мински површини.
Особено се загрозени Добој, Модрица, Петрово, Костајница, Сребреница, Вукосавље, Шамац, Брчко, Маглај, Завидовичи и Жепча.
Опасноста од мини се однесува и на општните Олово, Усора, Добој Југ, Лакесија, Лукавац, Тузла, Живинце, Грачаница, Добој Исток, Орашје, Оџак, Вогошча, Хаџиќи, Илиџа, Илијаш и Горажде.
Центарот уште од 15 мај спроведува серија активности од извидување на поплавените подрачја и оние загрозени од свлечиштата, подготовка на локациите за интервентно деминирање, до итно одбележување и предупредување на населението од опасноста од мински полиња.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.