| четврток, 6 декември 2018 |

Сончево, па нестабилно попладне и вечер

prirodaИ во сабота утрото и и поголем дел од претпладнето времето ќе мине претежно ведро. Попладне ќе настапи дестабилизација на атмосферата, што ќе резултита со развој на купесто дождовни облаци од кои наместа ќе има појава на пороен дожд проследен со грмежи, предвидува Метеопро. Локално врнежите ќе продолжат и во текот на вечерта. Максималната температура ќе има вредност околу 29°С низ населените места во западниот регион. Само малку потопло, за околу 1°С ќе биде во источните краишта. Долж повардарието температурата на воздухот ќе биде во граница од 30°С до 33°С.

Вредноста на УВ индексот ќе биде 7.

Во скопската котлина ќе преовладува сончево, топло и релативно спарно време претпладне. Попладне ќе има појава на локален дожд проследен со грмежи. Можно е локално, врнежи да има и во текот на вечерта. Минималната температура ќе се спушти до 16°С. Максималната вредност на температурата ќе достигне 30°С.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top