По налог на албанското обвинителството за тешки кривични дела, а во рамки на интензивната истрага околу шверцот со дрога по воздушен пат, запленет е спортски авион во сопственост на австриски дипломат.
Авионот бил паркиран во хангар на приватен имот во непосредна близина на воениот аеродром Ѓадри, чиј сопстевник, според истрагата, редовно добивал депозит за тоа.
Постојат докази дека авионот бил монтиран во Албанија од страна на албански инженер а деловите биле внесени од Италија и Словенија. Дипломатгот тврдел дека последните две години, поради дефект, воопшто не летал. Од друга страна претставници од цивилното воздухопловство потврдиле дека леталото на австрисксиот дипломат сепак летало, добивајќи дозвола на барање за лет над албанскиот брег, пишуваат албанските медиуми.
Истрагата започна откако неодамна спортски авион, со италијански пилот, ненадејно се приземји на плажа во Дивјак, а полицијата заплени 460 килограми марихуана, која требало да биде натоварена во авинот.
По обвинувањата од опозицијата дека социјалистичката влада, која на власт дојде во септември 2013 година, е вмешана во шверц на дрога од воениот аеродром Ѓадри, анкетната парламентарна комисија соошти дека дошла до докази според кои шверц од овој аеродром се вршел уште од 2012 година, кога на власт беа демократите на Сали Бериша.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.