| четврток, 6 декември 2018 |

Како Русија победува во пропагандната војна?

Би­тка­та за Укра­и­на се во­ди со раз­ни средс­тва – со остри збо­ро­ви и ме­ка дип­ло­ма­ти­ја, со при­ро­ден гас, оруж­је и со раз­уз­на­вач­ки аген­ции. Се­пак, се чи­ни де­ка нај­важ­ни­те ин­стру­мен­ти што ги ко­ри­сти Мос­ква се ин­тер­не­тот, вес­ни­ци­те и те­ле­ви­зи­ја­та, вклу­чу­вај­ќи ги и на­вод­но не­у­трал­ни­те но­ви­на­ри и екс­пер­ти кои се ис­пра­те­ни низ све­тот за да го про­па­ги­ра­ат ста­вот на Кремљ.

– Се на­о­ѓа­ме сре­де не­ми­ло­срд­на про­па­ганд­на вој­на – ве­ли Ен­др­ју Вајс, за­ме­ник- пре­тсе­да­тел за сту­дии на Фон­да­ци­ја­та за ме­ѓу­на­ро­ден мир
„Кар­не­ги“, вли­ја­тел­на „фа­бри­ка“ за идеи од Ва­шин­гтон.

Вајс ја об­јас­ну­ва оваа про­па­ган­да ка­ко не­оп­ход­на ала­тка на Ру­си­ја во ре­а­ли­за­ци­ја­та на неј­зи­на­та над­во­реш­на по­ли­ти­ка.

– Мос­ква не е за­ин­те­ре­си­ра­на за кра­тко­трај­но, ту­ку за дол­го­трај­но вли­ја­ние во ста­во­ви­те и соз­да­ва­ње ал­тер­на­ти­вен ди­скурс и во за­пад­ни­те зем­ји – ве­ли Мар­га­ри­та Си­мо­ни­јан, глав­на уред­нич­ка на РТ, стран­ски ме­ди­ум на Кремљ, прет­ход­но поз­нат ка­ко „Ра­ша ту­деј“, кој е сопс­тве­ник на „Рапт­ли“.

Кремљ ин­ве­сти­ра око­лу 100 ми­ли­о­ни евра (136 ми­ли­о­ни аме­ри­кан­ски до­ла­ри) го­диш­но во ру­ски ме­ди­у­ми во странс­тво за да вли­јае врз јав­но­то мис­ле­ње на За­па­дот. Та­кви­те оби­ди го об­јас­ну­ва­ат и ди­рект­но­то обра­ќа­ње на Пу­тин кон Гер­ман­ци­те во не­го­ви­от го­вор по по­вод при­по­ју­ва­ње­то на Крим. Наг­ла­су­вај­ќи де­ка Крим го под­др­жа обе­ди­ну­ва­ње­то на Гер­ма­ни­ја, тој по­ви­ка и Гер­ман­ци­те да го под­др­жат по­втор­но­то обе­ди­ну­ва­ње на Крим со Ру­си­ја. По­пу­лар­но­ста на Пу­тин во Гер­ма­ни­ја зна­чи­тел­но опад­на со те­кот на го­ди­ни­те, но не­го­ви­те пог­ле­ди на све­тот сè уште ужи­ва­ат го­ле­ма по­пу­лар­ност.

По­бе­до­но­сен ме­ди­ум­ски на­пре­док

MAD-Magazine-Putin-I-Want-Ukraine_5317628cdbc988.19882059

Из­во­ри од Кремљ де­но­ви­ве изра­зу­ва­ат за­до­волс­тво од ин­фор­ма­ци­ска­та по­ли­ти­ка на Мос­ква.

„Мо­же­би из­во­ју­вав­ме по­бе­да во Гру­зи­ја во 2008 го­ди­на, но убед­ли­во за­гу­бив­ме во про­па­ганд­на­та би­тка про­тив Аме­ри­ка и За­па­дот. Бла­го­да­ре­ние на РТ и на ин­тер­не­тот, таа раз­ли­ка се­га се на­ма­лу­ва“, на­ве­ду­ва­ат из­во­ри од Кремљ.

До­де­ка „Рапт­ли“ се оби­ду­ва да се на­мет­не ка­ко ал­тер­на­ти­ва за „Рој­терс“ и за „Асо­ши­еј­тед прес“ во до­ме­нот на ви­де­о­за­пи­си, РТ во сво­е­то де­ве­тго­диш­но по­сто­е­ње ве­ќе по­стиг­на огро­мен ус­пех, над­ми­ну­вај­ќи го ду­ри и „Си-Ен-Ен“ во гле­да­ност на ви­деа на „Јут­јуб“. Единс­тве­но „Би-Би-Си“, ко­ја има гле­да­ност од  1,2 ми­ли­јар­да, е пред РТ. РТ во Бри­та­ни­ја има по­ве­ќе гле­да­чи од „Евро­њуз“, а во не­кои од го­ле­ми­те гра­до­ви во САД овој ка­нал е најг­ле­дан стран­ски ме­ди­ум. Во РТ има 2.500 вра­бо­те­ни кои из­ве­сту­ва­ат и еми­ту­ва­ат ве­сти на ру­ски, анг­ли­ски, шпан­ски и на арап­ски ја­зик, а на­ско­ро и на гер­ман­ски ја­зик.

По­бе­до­нос­ни­от на­пре­док на Пу­ти­но­ви­от ме­ди­ум поч­на со ра­бо­та во се­вер­но-источ­на Мос­ква. Си­мо­ни­јан има­ше са­мо 25 го­ди­ни ко­га Пу­тин ја наз­на­чи за уред­нич­ка на РТ. Ру­ски­от пре­тсе­да­тел ѝ до­де­ли за­да­ча да го ур­не мо­но­по­лот на анг­ло­са­ксон­ски­те ма­сов­ни ме­ди­у­ми. От­то­гаш, таа ус­пеш­но ја сра­бо­ту­ва таа за­да­ча.

– Има го­ле­ма по­ба­ру­вач­ка за ме­ди­ум кој не­ма са­мо ме­ха­нич­ки да ги по­вто­ру­ва за­пад­ни­те ме­ди­у­ми. Ду­ри и во за­пад­ни­те зем­ји – ве­ли Си­мо­ни­јан.

РТ од­во­ју­ва мно­гу по­ве­ќе вре­ме за еми­ту­ва­ње на про­ру­ски­те прет­став­ни­ци од источ­на Укра­и­на откол­ку за под­др­жу­ва­чи­те на ки­ев­ска­та вла­да, а ду­ри и Си­мо­ни­јан не го ос­по­ру­ва тоа.

– Ние сме на иста бра­но­ва дол­жи­на со ру­ско­то Ми­ни­стерс­тво за од­бра­на – ве­лат неј­зи­ни­те ко­ле­ги, без да се гор­де­ат со тоа.

„Рапт­ли“ и РТ се нај­о­чиг­лед­ни­те ин­стру­мен­ти што ги упо­тре­бу­ва Кремљ. Дру­ги­те про­па­ганд­ни ме­то­ди се по­ди­скрет­ни.

Ко­га, на при­мер, ру­ски но­ви­на­ри се по­ка­не­ти да збо­ру­ва­ат за кри­за­та во Укра­и­на во гер­ман­ски еми­сии, тоа ре­чи­си се­ко­гаш се екс­пер­ти ис­пра­те­ни ди­рект­но од од­де­лот за про­па­ган­да на Кремљ. Уред­ни­ци­те на та­кви­те еми­сии со за­до­волс­тво ги по­ка­ну­ва­ат та­кви­те го­сти би­деј­ќи тие пре­диз­ви­ку­ва­ат же­сто­ка и про­во­ка­тив­на ди­ску­си­ја. Исто­вре­ме­но, екс­пер­ти­те што ја кри­ти­ку­ва­ат Вла­да­та не са­ка­ат да збо­ру­ва­ат или, пак, се спре­че­ни да го пра­ват тоа. На при­мер, Сер­геј Сум­ле­ниј, кој до ја­ну­а­ри бе­ше гер­ман­ски из­ве­сту­вач за ру­ско­то спи­са­ние „Екс­перт“, по­ра­но че­сто се по­ја­ву­ва­ше во гер­ман­ски еми­сии, ин­те­ли­гент­но и пре­циз­но кри­ти­ку­вај­ќи ја Пу­ти­но­ва­та по­ли­ти­ка, но от­то­гаш тој е от­пу­штен од спи­са­ни­е­то.

На не­го­во ме­сто се­га е Ана Ро­зе, поз­на­та ка­ко из­ве­сту­вач за „Ро­сиј­ска­ја га­зе­та“, прет­став­ник на ру­ска­та перс­пе­кти­ва во гер­ман­ски­те еми­сии. Име­то зву­чи до­вол­но без­о­пас­но, но ве­ѓи­те се кре­ва­ат вед­наш штом оваа „се­ри­оз­на“ ру­ска но­ви­нар­ка ќе поч­не да збо­ру­ва де­ка укра­ин­ска­та ар­ми­ја би мо­же­ла да поч­не да пу­ка во же­ни и во де­ца и де­ка ру­ски­те вој­ни­ци мо­ра­ат да ги за­шти­тат. Неј­зи­ни­те ста­во­ви ста­наа мно­гу по­јас­ни вед­наш отка­ко се доз­на де­ка „Ро­сиј­ска­ја га­зе­та“ е офи­ци­ја­лен вес­ник на ру­ска­та вла­да.

Ма­ни­пу­ли­ра­ње со ко­мен­та­ри и со со­ци­јал­ни ме­ди­у­ми

rt-russia-today-propaganda-1024x576-599x275

Тие што ги чи­та­ат ко­мен­та­ри­те под на­пи­си­те за Укра­и­на на но­вин­ски­те веб-стра­ни­ци мо­жат да за­бе­ле­жат де­ка во пос­лед­ни­те ме­се­ци тие со­др­жат по­ра­ки кои ка­ко да сле­дат иста ар­гу­мен­та­ци­ска на­со­ка. Не­за­вис­ни­от мо­сков­ски дне­вен вес­ник „Ве­до­мо­сти“  не­о­дам­на об­ја­ви де­ка од са­ми­от по­че­ток на укра­ин­ска­та кри­за, пре­тсе­да­тел­ска­та ад­ми­ни­стра­ци­ја на Мос­ква по­сто­ја­но истра­жу­ва на­чи­ни за ма­ни­пу­ла­ци­ја на јав­но­то мис­ле­ње во САД и во Евро­па ко­ри­стеј­ќи ги ин­тер­не­тот и со­ци­јал­ни­те мре­жи. Вес­ни­кот из­ја­ви де­ка нај­го­лем дел од про­фе­си­о­нал­ни­те ко­мен­та­то­ри од Гер­ма­ни­ја се ру­ски ими­гран­ти кои ги об­ја­ву­ва­ат сво­и­те про­ру­ски ко­мен­та­ри на „Фејс­бук“ и на но­вин­ски­те веб-стра­ни­ци.

По­крај тоа, но­ви­на­ри­те и уред­ни­ци­те на гер­ман­ски­те веб-стра­ни­ци ре­чи­си се­кој ден ин­фор­ми­ра­ат за при­ма­ње­то пис­ма и по­ра­ки кои ну­дат „експ­ло­зив­ни ин­фор­ма­ции за кри­за­та во Укра­и­на.“ „Из­во­ри­те“ че­сто спо­ме­ну­ва­ат де­ка има­ат до­ка­зи за дес­ни­чар­ска­та при­ро­да на Вла­да­та во Ки­ев. Пис­ма­та се пи­шу­ва­ат на гер­ман­ски ја­зик, но се чи­ни де­ка вклу­чу­ва­ат ди­рект­ни пре­во­ди од ру­ски фра­зи. Ка­ко да ги пи­шу­ва­ле Ру­си.

Во пос­лед­ни­ве ме­се­ци се ши­рат и дру­ги об­ли­ци на про­па­ган­да. На при­мер, че­сто, ин­ци­ден­ти­те при пре­ки­на­ти­те раз­го­во­ри на за­пад­ни­те дип­ло­ма­ти или ки­ев­ски­те по­ли­ти­ча­ри се об­ја­ву­ва­ни спо­ред ин­те­ре­си­те на Ру­си­ја. Од из­ја­ва­та на Ви­кто­ри­ја Ну­ланд, ви­сок аме­ри­кан­ски дип­ло­мат во Евро­па, за „Еба­ти ЕУ“, па сè до из­ја­ви­те да­де­ни од стра­на на естон­ски­от ми­ни­стер за над­во­реш­ни ра­бо­ти, кој тре­ба­ше да до­ка­же кој е од­го­во­рен за смрт­та на де­мон­стран­ти­те на пло­шта­дот „Мај­ден“. Ру­ски­те ме­ди­у­ми, исто та­ка, се чи­ни де­ка ужи­ваа во из­ве­сту­ва­ња­та кон сре­ди­на­та на април за тоа де­ка ше­фот на ЦИА, Џон Бре­нан, до­па­ту­вал во Ки­ев.

По­стои го­ле­ма ве­ро­јат­ност де­ка овие до­вер­ли­ви ин­фор­ма­ции и со­др­жи­на­та на пре­ки­на­ти­те ко­му­ни­ка­ции до­а­ѓа­ат од ру­ски­те раз­уз­на­вач­ки служ­би. Офи­ци­јал­ни прет­став­ни­ци на за­пад­ни­те раз­уз­на­вач­ки служ­би прет­по­ста­ву­ва­ат де­ка ду­ри и ко­му­ни­ка­ци­и­те де­ши­фри­ра­ни од стра­на на укра­ин­ска­та ар­ми­ја се пре­ки­на­ти од стра­на на Ру­си­те.

Кремљ, исто та­ка, ве­што го експ­ло­а­ти­ра ан­ти­а­ме­ри­кан­ско­то рас­по­ло­же­ние на мно­гу за­пад­ни Евро­пеј­ци, твр­деј­ќи, на при­мер, де­ка аме­ри­кан­ски­те пла­те­ни­ци и кон­сул­тан­ти се рас­по­ре­де­ни во источ­ни­от дел на Укра­и­на. Ду­ри и де­нес не по­стои до­каз што би ги по­твр­дил тие твр­де­ња. Но, фа­ктот де­ка Ва­шин­гтон, исто та­ка, ши­ри сопс­тве­на ан­ти­ру­ска про­па­ган­да го вло­шу­ва кре­ди­би­ли­те­тот на Аме­ри­ка.

Под­др­жан од стра­на на рек­лам­на­та кам­па­ња на кон­зер­ва­тив­на­та „Фокс њуз“, ре­пуб­ли­кан­ски­от се­на­то­рот Џон Ме­кејн ја по­ви­ку­ва аме­ри­кан­ска­та вла­да да им обез­бе­ди актив­на по­мош на про­за­пад­ни­те си­ли, вклу­чу­вај­ќи и оруж­је. Во ме­ѓу­вре­ме, ма­га­зи­нот „Форбс“ пра­ша да­ли Пу­тин е но­ви­от Хит­лер. По­крај тоа, аме­ри­кан­ска­та Аген­ци­ја за ме­ѓу­на­ро­ден раз­вој (УСА­ИД) во по­че­то­кот на мај об­ја­ви де­ка ќе обез­бе­ди 1.250.000 до­ла­ри за под­др­шка на укра­ин­ски­те ме­ди­ум­ски ор­га­ни­за­ции пред пре­тсе­да­тел­ски­те из­бо­ри. Ва­шин­гтон ве­ќе по­дол­го вре­ме обез­бе­ду­ва под­др­шка за мре­жа­та на опо­зи­ци­ски­те гру­пи, ко­и­што би­ле актив­ни за вре­ме на Пор­то­ка­ло­ва­та ре­во­лу­ци­ја и ко­и­што се­га се мо­би­ли­зи­ра­ат про­тив Мос­ква.

Еден ме­ди­ум­ски цен­тар, ос­но­ван од стра­на на но­ва­та вла­да во ки­ев­ски­от хо­тел „Укра­и­на“, е де­лум­но фи­нан­си­ран од Ме­ѓу­на­род­на­та фон­да­ци­ја за ре­не­сан­са на Џорџ Со­рос. Ре­пор­те­ри­те се­кој ден еми­ту­ва­ат ин­терв­јуа со ми­ни­стри и со ло­јал­ни по­ли­тич­ки на­уч­ни­ци кои ги тол­ку­ва­ат на­ста­ни­те во источ­на Укра­и­на ка­ко што вла­да­та во Ки­ев би са­ка­ла да би­дат при­ка­жа­ни.

Се­пак, оби­ди­те на Мос­ква прет­ста­ву­ва­ат ап­со­лу­тен кон­траст со актив­но­сти­те на не­за­вис­ни­те европ­ски ме­ди­ум­ски ком­па­нии. Мно­гу вес­ни­ци и те­ле­ви­зии го на­ма­ли­ја бро­јот на кан­це­ла­рии во Мос­ква или це­лос­но ги за­тво­ри­ја во пос­лед­ни­ве не­кол­ку го­ди­ни. Тоа соз­да­де не­до­стиг од екс­пер­ти што мо­жат да го про­би­јат шти­тот на про­па­ган­да­та и да обез­бе­дат точ­на ана­ли­за за она што, всуш­ност, се слу­чу­ва.

По­ја­ву­ва­ње­то на гер­ман­ски­от ми­ни­стер за над­во­реш­ни ра­бо­ти, Франк-Вал­тер Штајн­ма­ер, пред европ­ски­те пар­ла­мен­тар­ни из­бо­ри на пло­шта­дот „Але­ксан­дер“ во Бер­лин, све­до­чи за тоа де­ка пер­е­ње­то мо­зок функ­ци­о­ни­ра. Ле­во­о­ри­ен­ти­ра­ни акти­ви­сти из­ви­ку­ваа и свир­каа по ми­ни­сте­рот за над­во­реш­ни ра­бо­ти и но­сеа нат­пи­си на кои пи­шу­ва­ше: „За­пре­те ги на­ци­сти­те во Укра­и­на!“ Мос­ква за­до­вол­но го ре­ги­стри­ра­ше про­те­стот, а про­ру­ски­те ме­ди­у­ми оп­шир­но из­ве­сту­ваа за тоа.

На­јус­пеш­на­та про­па­ган­да на Ру­си­ја

vladimir-putin-najuticajniji-ljudi-svet-1357329808-248845

Цел­та на оваа гло­бал­на би­тка за об­ли­ку­ва­ње мис­ле­ња не е са­мо да се пре­тво­рат Евро­пеј­ци­те и Аме­ри­кан­ци­те во фа­но­ви на Вла­ди­мир Пу­тин. Ру­ски­от пре­тсе­да­тел, исто та­ка, це­ли и кон сопс­тве­ни­от на­род, сѐ со цел да се на­пра­ви се­бе­си не­со­бор­лив во Ру­си­ја.

На­јус­пеш­на­та про­па­ган­да на Пу­тин е фа­ктот де­ка мно­зинс­тво­то од Ру­си­те ве­ру­ва­ат оти Ки­ев е упра­ву­ван од фа­ши­сти. Пре­диз­ви­ку­ва­ње­то на Вто­ра­та свет­ска вој­на на овој на­чин се по­ка­жа ка­ко мно­гу ефе­ктив­на за Ру­си­те. Еден член на ру­ски­от пар­ла­мент, Ду­ма­та, ду­ри и оти­де тол­ку да­ле­ку што го на­ре­че по­жа­рот во Оде­са, ка­де што за­ги­наа 30 про­ру­ски акти­ви­сти, „но­ви­от Ау­швиц“. Во ме­ѓу­вре­ме, пре­тсе­да­те­лот на пар­ла­мен­тот збо­ру­ва­ше за ге­но­цид во Укра­и­на. Со ма­ши­на за пер­е­ње мо­зо­ци во пол­на па­реа, мо­же­би, до­а­ѓа ка­ко ма­ло из­не­на­ду­ва­ње тоа што спо­ред ед­на не­о­дам­неш­на ра­ди­о­ан­ке­та око­лу 89 про­цен­ти од слу­ша­те­ли­те се сог­ла­си­ле со иде­ја­та де­ка учес­ни­ци­те во ма­сов­но­то убис­тво во Оде­са тре­ба да се нај­дат и да се по­гу­бат без су­де­ње.

Но­ви­на­ри од ру­ски­те др­жав­ни ме­ди­у­ми че­сто са­ка­ат да ги ци­ти­ра­ат гер­ман­ски­те по­ли­ти­ча­ри и екс­пер­ти. За жал, тие изг­ле­да се­ко­гаш ги из­би­ра­ат од исти­от па­кет екс­пер­ти. Еден од нив е би­о­гра­фот на Пу­тин, Але­ксан­дар Рахр, по­ра­не­шен ру­ски спе­ци­ја­лист во Гер­ман­ски­от со­вет за над­во­реш­ни од­но­си (ДГАП) и акту­е­лен кон­сул­тант во гер­ман­ски­от енер­гет­ски ги­гант „Вин­тер­шел“, кој­што има дла­бо­ки вр­ски со Ру­си­ја.

– За­па­дот ни­ко­гаш не го пре­бо­ли вра­ќа­ње­то на Пу­тин – ве­ли Рахр, об­јас­ну­вај­ќи го ста­вот на Гер­ма­ни­ја за Кремљ.

Тој, исто та­ка, твр­ди де­ка при­ват­ни­те мис­ле­ња на гер­ман­ски­те по­ли­ти­ча­ри се раз­лич­ни од нив­ни­те јав­ни из­ја­ви. Тие, ве­ли тој, збо­ру­ва­ат отво­ре­но за Ру­си­ја са­мо отка­ко ќе из­ле­зат од кан­це­ла­ри­ја.

– Ус­пеш­на­та про­па­ганд­на кам­па­ња за ко­ја све­до­чи­ме во мо­мен­тов око­лу кри­за­та во Укра­и­на е единс­тве­на и ви­со­ко­со­фи­сти­ци­ра­на, ду­ри и во спо­ред­ба со со­вет­ски­те стан­дар­ди. Кремљ ус­пеа да раз­бу­ди чув­ства дла­бо­ко вко­ре­не­ти во ру­ска­та пси­ха: коп­не­жот за цар­ска­та ве­ли­чес­тве­ност, чув­ство­то на ан­ти­а­ме­ри­ка­ни­зам и гор­до­ста за по­бе­да­та на Ру­си­ја над Хит­ле­ро­ва­та Гер­ма­ни­ја – ве­ли Гуд­ков.

На крај, при­по­ју­ва­ње­то на Крим кон Ру­си­ја бе­ше тоа што ги за­мол­чи кри­ти­ча­ри­те на Пу­тин. Пред на­ста­нот, не­за­до­волс­тво­то од Пу­тин по­сто­ја­но се зго­ле­му­ва­ло. То­гаш­ни­те ан­ке­ти по­ка­жу­ва­ат зго­ле­му­ва­ње на бро­јот на Ру­си што не го са­ка­ле пре­тсе­да­те­лот. Во но­ем­ври 2013 го­ди­на, око­лу 53 про­цен­ти рек­ле де­ка ќе гла­са­ат за друг кан­ди­дат на след­ни­те из­бо­ри. Но, Пу­тин до­жи­веа ме­те­ор­ски по­раст на по­пу­лар­но­ста по при­по­ју­ва­ње­то на Крим, та­ка што се­га око­лу 86 про­цен­ти од Ру­си­те ве­лат де­ка по­втор­но ќе гла­са­ат за не­го.

Извор: Шпигел

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top