| четврток, 6 декември 2018 |

Тепачка во Струмичко – летаа секири и гранати

СВР Струмица поднесе кривична пријава против Б. В. (65) и Р. В. (52), двајцата од с.Костурино,струмичко, за сторено кривично дело загрозување со опасно орудие при тепачка или караница, Р.В дополнително е пријавен и за недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи.

На осми овој месец, во дворот на Р.В настанала тепачка помеѓу пријавените, а при обид ќерката на Р.В да ги раздвои, Б.В со секира замавнал кон неа, не повредувајќи ја.

По ова, Р.В зел стара неексплодирана граната калибар 75 мм. и му се заканувал на Б.В.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top