Австриската војска се наоѓа пред финансиски колапс, тврди виенскиот дневник „Естерајх“ додавајќи дека армијата мора годинава да заштеди 45 милиони евра и дека последиците од тоа се „брутални“.
Од есенва војската нема да има веќе пари за плаќање на сметките за гориво за своите возила. Во војската има уште 12 наместо 18 пилоти за борбените авиони „Еурофајтер“, а се продаваат и 900 теренски возила, бидејќи немаат пари за поправка и одржување.
Радикалниот застој на набавките покажува во колку тешка ситуација е војската и ги прикажува вистинските димензии на курсот за штедење на Министерството за одбрана. Во интерниот документ на министерството, пренесува весникот, буквално стои „забранети сите набавки“. Австриската војска не смее да купува возила, нови вооружени системи, но ниту муниција или униформи. Војската може да купува само ако „се очекува непосредна штето по Република Австрија“.
Воениот експерт Гералд Карнер вели дека со такви мерки на штедење се уништува војската, додавајќи дека она што навистина ѝ треба е реформа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.