Вкупно 13 авиони исчезнале од радарите на вкупно 25 минути во срцето на Европа, јавија австриските официјални власти повикувајќи ја ЕУ да реагира за овој необичен инцидент.
На 5 јуни од екраните на радарските служби на 25 минути исчезнаа сите летови, а истото се случило и на 10 јуни, изјави Маркус Поханка од австриската контрола на летови.
Контролата на воздушниот сообраќај во Германија и во Чешка пријавиле слични проблеми, пишува австрискиот весник „Куриер“.
Поханка го нарекува инцидентот „без преседан“ затоа што сите податоци за 13 авиони што во тој момент биле во воздух целосно исчезнале.
Тој не сакал да прецизра чии авиони биле во прашање, но рекол дека нив имало и патнички авиони. Тој нагласил дека авионите не биле во опасност затоа што биле спроведени дополнителни мерки за да се спречи несреќа, но дека сеедно останува мистерија што се случувало на небото тие два дена.
Агенцијата за контрола на воздушниот сообраќај на ЕУ го истражува инцидентот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



