| четврток, 6 декември 2018 |

Русија бара истрага заради запалливи гранати во Украина (видео)

славјанскМинистерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров повика Украина веднаш да биде под истрага за употребата на запаливи гранати, информираше NTV.ru. Русиja бара итна истрага за користење од страна на Украина на запаливи проектили и други забранети видови оружје. Пред неколку денови проруски активисти во Славјанск соопштија дека украинската армија го гаѓала градот со забранетите во целиот свет фосфорни гранати.

-Особена загриженост предизвикуваат комуникации за користење од страна на украинските вооружени сили на запаливи бомби. Ваквите тврдења имаат потреба од итна проверка “, вели Сергеј Лавров.

Тој исто така забележува дека засега не е покренато прашањето за потребата од испраќање на мировни сили во југоисточна Украина.

Лавров тврди уште дека во моментов претседателот Петро Порошенко ужива висок кредибилитет и тој треба да го користи.


Според проруските активисти украинската армија го нападнала Славјанск и околината со забранети борбени оружја. Заедно со реактивни рафали со системот “Град”, поддржана со минофрлачки оган, војската користела и забранети во целиот свет фосфорни гранати. По нападот локалните власти се одлучиле за итна евакуација на жителите.

Бомбите, натоварени со бел фосфор, може да предизвика тешки и болни изгореници, кои водат до спора и болна смрт. За третман на повредени се бараат специјално обучени медицински тимови, кои исто така се подложени на голем ризик. Гранатите содржат на бел фосфор кој дејствуваат на површина од стотици квадратни метри.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top