| четврток, 6 декември 2018 |

Албанија ја условува Грузија за НАТО

albania natoАлбанија го поддржува зачленувањето на Грузија во НАТО, но тоа го условува со признавањето на независно Косово.

Ова јасно го порачала албанската министерска за одбарна Мими Кодели за време на посетата на Грузија, нагласувајќи дека Косово не може да се споредува ни со Кавказ ни со никој друг.

На средбите со шефот на државата Гиорги Маргвелашвили и спикерот на Парламентот Давид Усупашвили, министерката Кондели побарала од грузиските авторитети да го признаат Косово, додавајќи дека прогласувањето на незвисноста на Косово е еден уникатен преседан во согласност со меѓународното право.

Според неа, секој обид да се искористи косовскиот преседан во сепаратистичката ситуација во кавкаскиот регион е тенденциозна и не одговара на меѓународната реалност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top