Министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски денеска на покана на шефот на британската дипломатија Вилијам Хејг имаше обраќање на Глобалниот самит „Запирање на сексуалното насилство за време на конфликт: Лондон 2014“, кој се одржува од 10 до 13 јуни во Лондон.
Попоски се фокусираше на еден од аспектите, значајни за запирање на овој негативен феномен, односно на засилувањето на политичката, економската и општествената вклученост на жените, особено кога станува збор за мирот и безбедноста, соопшти Министерството за надворешни работи.
На самитот учествуваа високи владини претставници од земји што ја имаат прифатено Декларацијата за обврзување за запирање на сексуално насилство за време на конфликт, како и претставници на меѓународни организации и национални и меѓународни експерти од правната, воената, хуманитарната, судската и граѓанската сфера.
Настанот претставува најголемо собирање, посветено на оваа тема досега, со цел да се поттикне координацијата на меѓународните напори и да се создаде неповратен моментум кон запирање со употребата на сексуалното насилство во конфликти.
Министерот Попоски одржа и предавање во престижната Лондонска школа за економија посветено на економските реформи на земјата, во контекст на евроатланските перспективи на регионот.
Во своето излагање тој посочи на политиките за економски развој на Република Македонија, како трговска отвореност, привлекување странски
– Економските реформи бараат стабилна и предвидлива политичка клима – истакна Попоски.
Министерот Попоски одговараше на повеќе прашања од присутните, поврзани со приоритетите на надворешната политика на Република Македонија, односите со соседите, како и со справувањето со актуелните економски и политички предизвици на земјата и регионот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


