| четврток, 6 декември 2018 |

Со лимон до блескава насмевка

W

Сите сакаат да имаат прекрасна бела насмевка. Но жолтите заби и забите со дамки се честа појава што ги измачува многумина. Постапката на забар може да ја врати белината на забите, но не е препорачливо да го правите тоа често бидејќи може да наптети на здравјето на забите. Затоа ви претставуваме природни методи што можете да ги правите и самите дома.

Се што ви е потребно е лимон. Исцедете го лимонот, разблажете го со малку вода и по миењето на забите, измијте ја устата со сокот. Постапката повторувајте ја двапати дневно.

Можете да ја искористите и кората од лимонот. Исушете ја и смелете ја за да добиете прав. Правта измешајте ја со малку вода за да добиете паста со која ќе ги измасирате забите. Оваа постапка правете ја еднаш дневно.

Иако лимонот за кратко време ќе ви помогне да имате блеската насмевка, имајте на ум дека може и да ја оштети глеѓта на забите. Затоа бидете внимателни и не претерувајте со неговата употреба.

Извор: ljepota.ba

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top