Куп од камења се урнал врз автомобил „ланчија“ кој минувал по патниот правец Дебар – Маврови Анови во месноста „сенечки продавници“ утрово околу 8.30 часот. СВР Тетово соопшти дека возачот, Б. Ц (24) од Дебар, не е повреден. Предизвикана е голема штета на автомобилот.
Според информациите на СВР Тетово, сообраќајот на овој патен правец поради одронот засега се одвива отежнато и само за патнички возила, а не може да минуваат камиони и други тешки моторни возила.
Во текот на денот се очекува екипи на „Македонија пат“ да ги расчистат камењата и да обезбедат нормален проток на сообраќајот.
Речеси на истото место лани од одрон на камења загина дебранец додека со возило се движел по долината на Радика.
Полицијата апелира до возачите кои се движат во овој регион да внимаваат на одорни во овој период од годината, кога оваа појава е зачестена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.