Нема промена во состојбата на браната на Слатинското Езеро. Вчера попладне попушти браната, поради што има зголемено истекување вода од акумулацијата. За да се намали нивото и притисокот на водата, во текот на ноќта бил отворен испусниот вентил на езерото.
Портпаролот на Центарот за управување со кризи Надица В’чкова вели дека состојбата се следи и дека нема опасност од поплава што би го загрозила животот на жителите околу браната.
-Таму има две куќи и луѓето биле известени дека можат привремено да се евакуираат. Тие ја следат состојбата заедно со екипите на Дирекцијата за заштита и спасување, Регионалниот центар за управување со кризи Охрид, МВР и водостопанството „Охридско Езеро“ – велат од Центарот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.