Српската фолк-ѕвезда Светлана Ражњатовиќ-Цеца по неколку години повторно ќе одржи свој концерт во Македонија. Според специјализираниот музички сајт „Музика24“, Ражњатовиќ ќе настапува на празникот Илинден, вечерта на 2 август во салата „Билјанини извори“ во Охрид.
Ова ќе биде прв концерт на Цеца во Македонија по нејзиното ослободување од затвор. Последниот концерт кај нас го одржа пред речиси четири години кога двапати го наполни спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


