Колку смешно,толку и шокантно, петтиот филм од Џон Тортуро (по “Mac”, “Illuminata”, “Romance & Cigarettes” и “Passionate”) е приказна за човековата бесконечна и никогаш задоволителна потрага по среќа преку секс и љубов. Со феноменална актерска екипа ви гарантираме добра забава. Фиораванте (Џон Тортуро) по предлог на својот пријател Мареј (Вуди Ален) почнува да се занимава со најстарата професија во светот и доживува нешто на што воопшто не се надевал. Идејата за овој потфат се појавува кога неговиот дерматолог д-р. Паркер (Шерон Стоун) предложува да има “тројка” со неа и нејзината прекрасна пријателка Селима (Софија Вергара). Кога во сето тоа ќе се вклучи и необичната Авигал (Ванеса Паради), вдовица на хасидскиот рабин, фиоравантовиот нов свет станува се повозбудлив.
Идејата за новата комедија „Во тројка со жиголо“, режисерот Џон Тортуро за прв пат ја добил за време на разиграната импровизација со која се обидувал да го засмее својот пријател додека ручале. „Јас импровизирав, а тој се смееше и јас продолжував со приказната“, вели Тортуро. Подоцна се создал концептот за нешто што може подлабоко да се развие. Разговарал за тоа со неколку пријатели меѓу кои е и неговиот бербер. Берберот ја споменал приказната на својот клиент кој по случаен избор бил токму Вуди Ален. Толку му се допаднала приказната и веднаш го контактирал Џон. Во тој момент Тортуро немал ништо повеќе од основна идеја. „Отидов кај Вуди и му раскажав што смислив до тогаш. Ми се уфрлуваше со коментари од типот: „тоа е смешно“, или „тоа не е смешно“ или „би можело да биде смешно“, изјавува Тортуро. „Се сеќавам дека Џон замисли необична и интересна приказна; имаше група забавни ликови, малку допир на романтика и моменти на вистинско човечко влијание“, додава Ален.
Кога Тортуро почнал да го пишува сценариото, Ален му го понудил своето мислење и соработка. Тортуро додава: „Мислам дека Вуди на свој својствен начин ме охрабри да истражувам подлабоко и како резултат на тоа јас сум многу присутен во филмот. Ме поттикна да го направам тоа на свој начин. Завршив со многу понијансиран филм отколку со некоја блесава комедија.“

Хејзел и Гас се два неверојатни тинејџера кои ги спојува сличната смисла за хумор, презирот кон конвенционалното и љубовта која ги води на незаборавно патување. Бидејќи страдаат од тешки болести, тие се учесници во групата за поддршка на болните од рак. Нивниот однос е посебен и прекрасен и поради начинот и поради местото каде што се запознале. Заснован на најпродаваната книга на Џон Грин, филмот „Виновни се ѕвездите“ на младиот американски режисер Џош Бун ја прикажува вистинската љубов на двајца тинејџери кои се прифаќаат еден со друг во неверојатни физички и емоционални предизвици. Светот го гледаме преку очите на шеснаесетгодишната Хезел (Шејлин Вудли) која боледува од рак и која поради родителите оди на терапија во Групата за поддршка на младите луѓе заболени од рак.
Девојката воопшто не е воодушевена од оваа идеја, а нејзиниот друштвен живот кој дотогаш не постои, токму на местото каде што сите зборуваат за својата осаменост и животните несреќи таа ќе ја доживее својата вистинска љубов, откако ќе го запознае седумнаесетгодишниот поранешен кошаркар Огастас (Eнсел Eлгорт). И покрај медицинското чудо што ќе ѝ го намали туморот и ѝ купува уште неколку години живот, Хазел отсекогаш била во крајната фаза на болеста – нејзиното последното поглавје е напишано веднаш со поставување на дијагнозата. Но, тогаш во Групата за поддршка се појавува Огастус и нејзината приказна повторно се пишува. Хејзел и Гас делат слична смисла за хумор, презир кон конвенционалното и заедно бестрашно се соочуваат со едноставна емоција во која нема иронија. Нивната искрена и вистинска љубов ги просветлува.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


