Ако сте суеверни, тогаш претстојниов петок би требало да останете в кревет опкружени со среќни амајлии или да фрлите три вреќи сол преку рамо затоа што овонеделниот петок не само што е 13-ти, туку на тој ден ќе имаме и полна Месечина.
Суеверните верувања дека петок 13-ти во комбинација со полната Месечина значат несреќа, не ги одмина ниту медиумите и порталите.
Така, новозеланскиот портал „Доминион пост“ објави дека овој петок би можело да биде „едноставно стравотен“, а американскиот „Њуз фор Џекс“ драматично наведува дека полната Месечина се поврзува со земјотреси, а сега стигнува двојна закана, полната Месечина и петок 13-ти.
Сепак, најголема помпа околу ова случување има на социјалните мрежи, каде што има најави за „нова апокалипса“, како и за појава за врколаци и слични ѕверки.
Ваков случај имало и на 13 октомври 2000 година, следна ваква двојна драма нѐ очекува во 2049 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


