| четврток, 6 декември 2018 |

Министерот Спасов со помош за струмичкото семејство Јанкови

spasov

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов заедно со раководителот на Центарот за труд и социјални работи во Струмица Кирил Поп Трајков и градоначалникот на Ново Село Блажо Велков денеска го посетија семејството Јанкови од струмичко Смолари.

– Семејството Јанкови и досега примаа надоместок за помош и нега од друго лице од  осум и пол илјади денари. По иницијатива на Центарот за социјални работи направивме дополнителен лекарски преглед  и утврдивме и донесовме решение за слепило кај едното дете, а наскоро ќе добијат и надоместок за мобилност за другото дете или месечно ќе добијат плус 14 илјади денари. Денеска им дадовме и еднократна парична помош, рече Спасов.

Во рамки на посетата на струмичкиот крај, министерот Спасов ја  посети општина Босилово, село Моноспитово, каде заедно со градоначалникот Љупчо Колев го посети објектот во реконструкција наменет за нова детска градинка. Објектот се наоѓа во рамки на ОУ „Борис Трајковски“.

– Општина Босилово досега немаше воопшто градинка. Токму поради тие причини согласно нашите приоритети е да отвораме нови градинки во други просторни услови во општините каде што до сега воопшто немало вакви објекти за згрижување на децата од предучилишна возраст, рече Спасов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top