Првиот вицепремиер на Крим, Рустам Темиргалиев, поднесе оставка, што е усвоена од пратениците на републичкиот Државен совет, јави ИТАР-ТАСС.
Темиргалиев го информирал Државниот совет на Крим дека оставката ја поднесува од лични причини.
Премиерот на Крим, Сергеј Аксионов, се заблагодари на Темиргалиев за неговите напори и најави дека во иднина ќе ја врши функцијата државен советник.
Темиргалиев истакна дека претходно разговал со премиерот за неговиот план да поднесе оставка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



