| четврток, 6 декември 2018 |

Секс-скандал со дадилката на децата на британскиот премиер

Експлицитни фотографии од дадилката на децата на британскиот премиер Дејвид Камерон, завршија на неколку веб-сајтови за возрасни.

Како што пренесуваат британските медиуми, неименувана дадилка е блиска со сопругата на премиерот Саманта и се грижи за нивните три деца. Фотографиите во кои таа е гола и во провокативни пози, на интернет наводно ги споделило нејзиното поранешно момче, со цел да ѝ врати затоа што раскинала со него.

Семејството Камерон засега го игнорира настанот и не одговара на новинарските прашања поврзани со дадилката, која го придружуваше семејството и на последниот семеен одмор во Италија.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top