| четврток, 6 декември 2018 |

Две лица повредени во сообраќајка во Ѓорче Петров (ФОТО)

Две лица се повредени при судар на два автомобила што се случила утринава на улицата „4-ти јули“, пред пазарот во Ѓорче Петров.

ipp

Во сообраќајката учествувале возило „опел корса“ и возило „голф“, двете со скопски регистарски таблици.

ipp

Возачите се здобиле со повреди и се пренесени, едниот во Ургентниот центар, а другиот во Градска болница.

ipp

Полицијата во моментот врши увид на местото на сообраќајката.

ФОТО: Игор Ангеловски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top