Кумановскиот рапер Тајзи минатата недела го снимаше видеоспот за неговата нов песна.
Музиката и аранжманот на „Дома си е дома” се изработени во студиото на Јованови.
Видеоспотот кој се снимаше на повеќе локации низ Македонија: античкиот локалитет Хераклеја во Битола, Пелистер, заливот на коските во Охрид и во Прилеп, е во продукција на „Иноватива груп“ и тимот Дарко Манасијески како режисер и Владимир Дади Ивановски како директор на фотографија, а на видеото работеше и „Флукс“ продукција.
Оваа песна на Тајзи е добитник на државните субвенции за поддршка на македонската музика.
„Дома си е дома“ е и најава за летната турнеја, која започнува со настап на престојниот „Бит евент #1“ (Beat Event #1) на 14 јуни на ракометното игралиште во Битола, каде ќе настапи заедно со Слаткаристика.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


