| четврток, 6 декември 2018 |

Хали Бери ќе му плаќа по 16 илјади долари месечно на поранешниот сопруг

Популарната холивудска актерка Хали Бери ќе мора да плаќа алиментација во износ од 16.000 долари месечно на својот поранешен партнер Габриел Обри, сѐ додека нивната ќерка не наполни 19 години или не заврши средно училиште.

Судот донесе конечна одлука по неколкугодишната парница околу старателството над ќерката Нахла.

Ова дефинитивно е крајот на скандалот Бери – Обри – Мартинез, за кои порано се знаеше дека и физички се пресметуваат.

Хали Бери од 2005 до 2010 година беше со Габриел, со кој ја има ќерката Нахла. Потоа почнала да се гледа со францускиот актер Оливер Мартинез, со кого од минатата година го имаат синот Маце.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top