СВР Тетово поднесе кривична пријава за А.Б.(22) и Д.М. (20), двајцата од Тетово, за сторено кривично дело тешка телесна повреда.
На 18 март годинава во 15.30 часот, во угостителскиот објект „Мит Поинт“ на ул. „Илинденска“ во Тетово физички го нападнале Р.К.(21) од Тетово, при што му нанеле тешка телесна повреда – скршеница на вилицата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.