| четврток, 6 декември 2018 |

Пејачката Драгана Мирковиќ имала сообраќајка

Популарната српска пејачка Драгана Мирковиќ враќајќи се од Белград во Виена, заедно со нејзиниот сопруг Тони Бијелиќ, доживеала сообраќајна несреќа, јавуваат српските медиуми.

За среќа, брачната двојка поминала без посериозни повреди.

Информацијата е објавена и на официјалната фан страна на Драга Мирковиќ на „Фејсбук“. Таа се враќала од Белград, каде што гостувала на српската телевизија „Пинк“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top