| четврток, 6 декември 2018 |

Лавров: Проширувањето на НАТО кон исток е контрапродуктивно

Неприродното проширување на НАТО кон исток и приближувањето на неговата инфраструктура до руските граници е контрапродуктивно, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров по средбата со неговиот фински колега Ерки Туомиоја.

lavrov

– Во воено-политичката сфера дејствува истиот критериум, како и во економската и хуманитарната, односно треба да се исполнат веќе преземените обврски. Сите земји од евроатланската зона имаат обврска да гарантираат неделивост на безбедноста во овој регион. Обврските, преземени во рамки на ОБСЕ, дека ниту една држава не треба да ја осигура својата безбедност за сметка на другите, е заедничка рамка во која треба да се градат односите меѓу земјите од евроатланскиот регион – нагласи шефот на руската дипломатија.

На тој начин Москва му напомена на Киев дека е неприфатливо да се осигура сопствената безбедност на сметка на други.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top