Познатите често знаат да претераат во своите барања, така што од ова правило не е исклучок ниту португалскиот фудбалер Кристиано Роналдо (28). Тој на ѕидот во својот дом во Мадрид, Шпанија има огромна слика од сам себе, гол.

– Во станот има и голем клавир, голем аквариум и многу огледала. Станот изобилува со сите клишеа кои може да ги замислите. Мислам дека тоа е така бидејќи немал многу кога бил дете. Тоа сигурно го видел во домовите на богаташите, можеби во серијата “Пороците на Мајами“ и тогаш одлучил дека и тој треба да има таков стан – изјави архитектот кој му го уредуваше станот во Мадрид.

Не е само Роналдо вљубен во себе. Неговио колега во репрезентацијата, Нани, во својот дом има своја мермерна статуа во природна големина на која има дрес од англискиот премиерлигаш Манчестер јунајтед.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


